На 11.06.2025 во 23.20 часот во СВР Битола, Н.И. (84) од Битола пријавил дека пред зграда на ул. „Генерал Васко Карангелевски“ во Битола му било одземено неговото патничко моторно возило „форд” со битолски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и за расчистување на случајот.
На 11.06.2025 во 19.00 часот во СВР Битола, 34-годишна жена од Кавадарци пријавила дека во битолско била физички нападната од нејзиниот сопруг и од нејзината свекрва. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.