-Денес за првпат ООУ “Стив Наумов“ од Битола во автентичниот простор на античкиот театар во Хераклеа им додели награди и признанија на сите ученици кои со успех ја завршија оваа учебна година.
Во вкупен збир од 120 награди од различни категории, општински, регионални и државни, награди и места, директорот Никола Пискачев им додели признание за сите заслуги во заедницата и образовниот процес, како и афирмација на своето училиште.
Овие признанија им беа врачени и на наставниците- ментори кои високите резултати ги постигнаа преку посветеност и заедничка работа.
Особен акцент беше ставен на прогласувањето на најдобрите, првенецот на генерација Лили Велјановска, нашите Димитар Симоновски и Марио Јосифовски, сите ученици во деветто одделение, за нивниот исклучителен придонес и промоција на основното училиште.
На крај, свечено им беа доделени свидетелствата на сите деветтоодделенци со желби за уште поголеми успеси.
Директорот Никола Пискачев, пред сите гости, ученици, родители, роднини, колеги упати честитки за успешната реализација на оваа учебна година и уште поголеми желби да не претстават во најголемо светло во иднина, во изборот на нивното средно училиште, во следните постигнувања и во претставувањето пред градот, да прераснат во добри луѓе и да вложуваат во себе, за нив да зборуваат делата.
-Ова е првпат едно училиште да ја испромовира својата работа и своите достигнувања во ваков амбиент и на свечен начин. Благодарност до соработниците, Завод музеј Битола, Општина Битола, Центар за култура Битола, сите помагатели, рече Пискачев.






