Фудбалскиот клуб Јени Маале од Битола 16-та година по ред, ја одржа својата традиционална годишна забава во “Вила Виста“.
Во пријатна и топла атмосфера, опкружени со пријатели, соиграчи и верни поддржувачи, ФК Јени Маале го прослави крајот на фудбалската сезона со традиционалната годишна забава.
Настанот започна со обраќање на капитенот Никола Пискачев, кој се осврна на минатата сезона, 1/16 финалето на Купот на Македонија против ФК Шкендија, како и на возбудливото патување во Милано со пријателскиот натпревар против Брера – Милано.
Исто така, најави нова фудбалска авантура, посета на некоја океанска земја, за следната фудбалска сезона.
Традиционално, беа прогласени најдобрите поединци во клубот за оваа сезона: Александар Димовски – најдобар голман, Филип Жиров – најдобар одбранбен, Владимир Крстевски – најдобар среден ред, Васко Наумовски – најдобар стрелец, Андреј Лозановски – најдобар напаѓач, Пепи Трајков – најдобар дебитант.
Тоде Блажевски доби признание за најдобар тренер, Ивица Јовановски – најлојален, и најхрабар Никола Пискачев – МВП на сезоната, кој исто така прослави 500 настапи за екипата на ФК Јени Маале.
ФК Јени Маале им изрази искрена благодарност на своите спонзори и поддржувачи, кои се неразделен дел од успехот на клубот.
Меѓу гостите на забавата беа и познатите фудбалски имиња – Митко Стојковски, Тони Мицевски и Вангел Алтипармаковски, помошник-тренер на У19 репрезентацијата на Македонија.

ФК Јени Маале од Битола16-та година по ред слави успех и пријателство (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 го победи Радовиш во Битола
- Мечот Пелистер – Гостивар одложен за понеделник!
- Општина Битола: се реконструираат спортски терени во Горно Оризари
- Во спортскиот викенд во Битола утре кошарка – Крстевски: со рецептот од Куманово по триумф и над Гостивар
- Битолчани заедно во кризните денови
More from СпортMore posts in Спорт »
- Еурофарм Пелистер 2 го победи Радовиш во Битола
- Мечот Пелистер – Гостивар одложен за понеделник!
- Во спортскиот викенд во Битола утре кошарка – Крстевски: со рецептот од Куманово по триумф и над Гостивар
- Ќе биде дерби во Битола – влезниците распродадени за неколку минути, прва битка за титула
- Еурофарм Пелистер утре во 13,30 часот ги пушта во продажба билетите за дербито со Вардар






