“Вистинска парада на гордоста” по трет па се одржа вечерва низ Широк Сокак во Битола, почнувајќи од плоштадот “Магнолија“, каде во 20 часот се собраа битолчани.Пред битолчани на “Магнолија“ се обрати Игор Петковски, кој рече:
-Браќа и сестри, ова е “Вистинска парада на гордоста” која по четврт пат се организира во Битола, а со која може да се зачуваат традиционалните вредности, дом, семејство, брак, деца, мајка и татко… Сакаме да го оствариме нашето право, а тоа е вистината, за разлика од другите кои ја урнисуваат нашата татковина, а на другите паради се исмејува патриотизмот, Господ Бог и се осквернува семејството. “Вистинската парада на гордоста“ се организира според начелата за кои сме: дом, семејство, родители – мајка и татко… Тука, по четврт пат, сме собрани заради нашите најмили, нашите деца и за нивната иднина.
По обраќањето битолчани одржаа и марш по Широк Сокак, кој заврши кај Офицерски дом.
Сашо Ристевски