Победници на 11. по ред меморијален турнир во мал фудбал “Јовче Димовски – Начко“ кој се одигра викендов на “Кумурното игралиште“ во Битола е екипата на ветераните на ФК Пелистер, откако во финалето на пенали ја победија екипата на домаќинот на турнирот. И третото место беше одлучено на пенали.
По завршувањето на турнирот Владимир Наковски, во ресторанот “Корзо“ во Битола рече дека ова е во чест на прерано починатиот нивни другар, Начко, и во иднината преку одржување на овој традиционален турнир ќе се сеќаваат на него, а фудбалскиот клуб кој го носи неговото име ќе учествува и на нови турнири.
Екипите на “Јовче Димовски – Начко“ и Врањеш од Србија разменија и подароци за спомен на ова нивно дружење, а претставникот на српскиот клуб изразија благодарност за поканата, а посебно за тоа што домаќинот им овозможи и посета на црквата на Д-р Рајс на Кајмакчалан.
Победник на турнирот е екипата на Ветерани Пелистер, второпласирана е “Јовче Димовски – Начко“ ветарани, на трето место екипата Вранич, а на четврто место екипата Конзули Ветерани.
За најдобар играч на турнирот е прогласен Игор Момировски од Пелистер – Ветерани.
По доделувањето на пехарите и признанијата сите учесници имаа неформално дружење и заедничка вечера.

Пелистер-ветерани победници на 11. меморијален турнир во Битола во фудбал “Јовче Димовски – Начко“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево и релативно топло, температурата до 21 степен
- ФК Конзули Ветерани од Битола со меѓународен турнир и доделување признанија одбележа 10 години постоење (фотогалерија)
- Пелистер од Битола со одлична игра до триумф во Гевгелија
- Вредна победа на Пелистер во Битола и три важни бода во борбата за опстанок (фотогалерија)
- ДПД “Архангел“ од Битола на меѓународен против пожарен настан во Хрватска (фото)





