Press "Enter" to skip to content

Ова е приказната зад најгласниот штанд на Car Show 2025

Во Битола во саботата мирисаше на бензин, гуми и возбуда. Car Show 2025 донесе стотици автомобили, музика, публика и енергија каква што само љубителите на брзината ја препознаваат. Но зад еден од најпосетените штандови на настанот – оној на КС Групација – стоеше нешто повеќе од добра организација и забава.Тимот на КС Групација не дојде само со банери и игри. Дојдоа со цел. Нивниот штанд беше едно од ретките места каде што луѓето не доаѓаа само да освојат награда или да направат селфи, туку и да направат нешто добро. Секоја игра – било да е Cornhole, тркало на среќа или тркање на конзола – значеше симболичен придонес. И зад секој придонес стоеше приказна.Собраните средства беа донирани на семејството на Ице Андонов – младо момче од Кочани кое трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“. Неговото возило беше изложено на самиот настан – тивок, но силен симбол на неговата пасија.Во еден искрен и достоинствен момент, маркетинг директорката на КС Групација, Елена Трајчевска, лично ја предаде донацијата на неговото семејство – без сцена и без големи зборови. Само човечка блискост.-Најголем ред имаше за “Cornhole,“ ни кажуваат од тимот, со насмевка. „Не само затоа што беше интересно, туку затоа што секое фрлање имаше смисла.“ Штандот беше жив цел ден – со игри, смеа, аниматор за децата и маскота која ги воодушеви најмалите. Беше тоа вистинска точка на поврзување, каде што се сретнуваа забава и солидарност.КС Групација додели и симболична награда за еден од љубителите на автомобили – како знак на почит кон ентузијастите што ја градат оваа заедница.Во денешниот динамичен деловен свет, КС Групацијата стои зад седум истакнати компании: Агроброд, Евротип, Голд Слот Клуб, Голд Фелициа, Премиум Сејфти Солушн, 77 Софт и 77 Ентертејнмент– секоја од нив со своја приказна, но обединети под исти вредности: одговорност, посветеност и хуманост.Car Show 2025 ќе се памети по многу нешта. Но штандот на КС Групација ќе се памети по нешто тивко. По она што не се гледа – а се чувствува.