Селективната коронарна ангиографија е моќна дијагностичка алатка која ни овозможува навремено откривање на стеснувањето на крвните садови на срцето, односно коронарните артерии.
Методата е брза, безбедна и релативно безболна и се изведува на буден пациент , најчесто преку артериите на раката под локална анестезија.
Кога се изведува?
Предоперативната коронарографија е неопходен чекор за секој пациент кој планира операција на срце. Истата се изведува на сите пациенти кај кои е потребно да се изврши бајпас операција, операција на срцев залисток или операции на срцевите мани и проширувањата (аневризми) на почетниот дел на аортата.
Предоперативната коронарографија која се изведува во клиничката болница „Жан Митрев“ во Скопје е со покриеност од Фондот за здравствено осигурување.
Дијагностички центар во Битола: +389 70 408 075; +389 47 266 633; +389 47 266 631






