Press "Enter" to skip to content

Долготрајни аплаузи и воодушевена публика после премиерата на “Едмонд“ на НТ Битола

Долготрајни аплаузи и воодушевена публика беа само дел од најновата премиера во Народен театар Битола и тоа на претставата „Едмонд“ која е петта по ред премиера за оваа година, според текстот на Дејвид Мемет, а во режија на Оливер Мицевски.

-Јас сум радосен што работам овде, бидејќи не сум работел во земјава од 2011, и е убаво да се работи на својот јазик. Ние имавме многу убави осум недели работа и веруваме дека завршивме одлична работа. Беше задоволство да се работи со талентираниот ансамбл на Народен Театар Битола, предводен од Огнен Дранговски, еден од најдобрите актери во Македонија и Балканот. Верувам дека ЕДМОНД ќе стане значајна точка во несомнено богатата историја на Народен Театар Битола, истакнува режисерот Оливер Мицевски.

Дранговски ни изјави дека навистина било предизвик да се работи оваа претстава со оглед на тоа што режисерот не сакал да прави театар кој сака да учи, кој сака да проповеда, кој сака да се преправа.

-Неговиот пристап кон театарот е рефлективен, и за еден таков театар во кој сте оставени да реагирате на околината каква и да е, дали би била сценографска, музичка, светлосна, актерска од останатите партнери на сцената. Авторот многу конкретно ги сместува ликовите во одредена перспектива и самиот режисер не смести нас, посебно мене, во одредени рамки. Рамки во кои има помалку реалистични движења, скоро и да немам никакви движења во претставата.

-Ова беше едно интензивно, едно интересно, поинакво патување за сите нас. Претстава во која што сите се наоѓаме, еден текст кој зборува за тоа што го очекува човекот на патот во моментот кога ќе одлучи да си го промени својот живот, затоа што му е доста од секојдневието. Мислам дека повеќе или помалку сите сме се нашле во таа ситуација. Процесот беше, пак ќе речам, многу интересен, она што Оливер го побара од сите од нас да биде така, но да биде малку поинаку, е многу и едноставно и тешко, вели костимографот Мицевски.

-Ја поддржуваме македонската драматургија, македонските уметници, младите режисери, младите автори и акцентот бидејќи од 9 премиери 4 ќе бидат комедии, ќе биде на тој жанр и на претставите за деца, доаѓа и режисер од Белорусија, вели директорот Васко Мавровски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »