-Првпат Битола добива нов дом за забава, иновација и незаборавни семејни моменти, свечено отворен “Muppet Playhouse“ на Широк Сокак.
-Нашите врати се отворија на 02.07.2025, на Широк Сокак кај Камен мост, означувајќи почеток на една нова ера на игра и дружење, нешто што нашиот град го чекаше со нетрпение. Со срце полно со страст и визија да донесеме нешто навистина посебно, го создадовме „Muppet Playhouse“ – место каде што се среќаваат врвната технологија и безвременската радост на играта, порачуваат од “Muppet Playhouse“.
Секој момент поминат во “Muppet Playhouse“ ќе биде исполнет со смеа, возбуда и топли спомени, а што го прави „Muppet Playhouse“ толку уникатен, тие велат:
-Во центарот на нашата понуда е најсовремениот VR (Виртуелна реалност) уред, кој за првпат во Битола нуди толку длабоко имерзивно искуство. Замислете да нурнете во егзотични светови, да летате низ вселената или да бидете дел од адреналински авантури – сето тоа без да го напуштите нашиот простор. Ова не е само игра, ова е патување во нова димензија на забава, достапно за сите возрасти! Но, „Muppet Playhouse“ е многу повеќе од само VR.
Во “Muppet Playhouse“ внимателно ја имаат избрано колекција на игри кои ќе ги задоволат сите генерации, а тоа се:
-Класични флипери за љубителите на ретро забавата, нашите флипери ветуваат часови возбуда и носталгија.
-Во хокер и кошарка можете да ги тестирате вашите вештини и натпреварувачки дух со брзи игри на хокер и кошарка.
-Игри за најмалите, со кои не ги заборавивме ниту нашите најмили! Имаме посебно адаптирани игри кои се безбедни, забавни и едукативни за децата од најрана возраст.
“Muppet Playhouse“ не е само игротека, тоа е место каде што се создаваат приказни, се продлабочуваат пријателства и се слави магијата на играта.
-Секој агол од нашиот простор е дизајниран со љубов и грижа, за да ви понуди пријатна, безбедна и енергична атмосфера. Ја користиме оваа прилика да им се заблагодариме на сите кои дојдоа да го прослават со нас денот на отворањето. Вашата поддршка и насмевки ни значат многу. Ве покануваме сите, семејства, пријатели, авантуристи и љубители на забавата, да не посетите и да станете дел од нашата приказна. Дозволете ни да ве понесеме во светот на играта, онака како што досега не сте го доживеале во Битола!, почачуваат од “Muppet Playhouse“.
Тимот на „Muppet Playhouse“ со нетрпение ве очекува да ги споделиме бескрајните можности за забава!
Фото: Дамијана Ристевска






