Press "Enter" to skip to content

Тони Дранговски нов престедател на Ротари Клуб Битола

Секоја година на почетокот на месец јули, Ротари Клуб Битола, го означува преминот кон нова ротаријанска година, а со тоа и е изборот за нов престедател.

Ротари Клуб Битола, деновиве,  за нов претседател го избра Тони Дранговски, на кој ротаријаците од Битола на седницата на која беше назначен, му посакуваа успешна година исполнета со инспиративни дела.

Секако на досегашниот претседател Пеце Ѓаковски,му искажаа искрена благодарност за неговата посветеност и сè што заедно постигнаа во изминативе 12 месеци.

-Во Ротари, секоја нова година значи нова енергија, нова визија и нова шанса за да создаваме позитивни промени. Продолжуваме понатаму уште поинспирирани, порачаа од Ротари Клуб Битола кој оваа година прослави 90 години од основањето.

More from ВестиMore posts in Вести »