Press "Enter" to skip to content

Кафе бар “Симбол“ – традицијата продолжува, “Симбол“ не е само кафе бар — “Симбол“ е тим, заедница и чувство на дом (фотогалерија)

-На 7 ми јуни 2002 година започна успешната приказна на кафе бар “Симбол“ и сопствениците Миле и Тереза Јанчевски. Јубилеј достоен за почит. На истиот датум и јубилејот 15 години тие довербата му ја даваат на својот син  Илија Јанчевски кој ја продолжува семејната традиција. Кафе бар “Симбол“ кога се отвори пред 23 години беше меѓу првите кафулиња на Широк Сокак. Со автентичен амбиент, препознатлива атмосфера, место за забава, се чекаше ред да се влезе и на минусни температури. Еден од првите кафулиња со органзирани забави, техно, маскенбал забави за 1 април, караокезабави  и “Бела ноќ“…

Вака ја започнавме објавата за кафе бар “Симбол“ 2022 година кога овој кафе бар славеше 20 годни јубилеј од отварањето. Другиот јубилеј беше  5 години во нов амбиент и преземањето на бизнисот од страна на Илија Јанчевски. Оваа 2025 година 23 години кафе бар “Симбол“, но 8 години од како Илија Јанчевски ја продолжува семејната традиција на овој кафе бар, препознатлив по амбиентот, добра забава и  единствена атмосфера.  -Во свет каде сè се движи пребрзо, “Симбол“ кафе бар е простор каде времето малку забавува. Кај нас, кафето не е само напиток — тоа е ритуал, доживување и уметност“ во свој стил започна  Илија Јанчевски кој 8 години работа ја прослави со забава на која присуствуваа сите оние кои се верни на овој кафе бар,  голем број пријатели, деловни партнери, соработници…За  предизвиците да се продолжи традицијата на семеен бизнис и тешкотиите  со кои се соочи после превземањето на кафе бар „“Симбол“ Илија вели:

-Предизвикот беше голем да се застане да се води овој кафе бар. Искрен  да бидам не ми беше лесно, со свои 23 години да застанам на  место управител на кафе бар “Симбол“. Кафе бар “Симбол“ беше  отворен на 7 јуни 2002, тогаш беше еден од првите кафулиња во овој така да го наречам, централен дел на Широк Сокак.

 Кафе бар “Симбол,“ стана познато место на собирање и прво место каде се организираа забави, се излегуваше од четврток до недела. Што значи и недела вечер што не беше вообичаено да се излегува  до тогаш.

На јубилејот 15 години Кафе бар “Симбол“ го превзедев водењето на овој кафе бар…

-Моите родители имаа целосна доверба во мене, што многу ми значи, бидејќи тие и до ден денес се моја голема поддршка.  Во тој период се направи  целосна реконструкција на внатрешниот  и надворешниот дел, со мои  идеи. Кафе бар со нов ентериер, персонал беше еден нов предизвик, на ново време и нови генерации кои доаѓаат тука…

Кажете ни за овие 8 години работа на кафе бар “Симбол“.

-Кафе бар “Симбол“ во овие 8  години стана место каде доаѓаат нови генерации млади кои излегуваат, се забавуваат, се вљубуваат. За овие 8 години поминавме многу, цел мој тим персонал и јас. Како што кажав почнавме со ново уреден простор,  забави со изведувачи и артисти. Ќе набројам некои од нив кои настапувале во кафе бар Симбол: Неша „Галија“, Влатко Лозановски, Викторија Лоба… Забаво со ДЏ еи кои последните години се актуелни. Учествувавме во органзиарање на Бела ноќ на Широк Сокак која остана забележана кај битолчани како нешто многу впечатливо и убаво, што го одбележува крајот на летната сезона.

Кафе бар “Симбол“ е препознатлив по забави преку лето, голем избор на пијалоци, коктели, повеќе видови кафе и со својата местоположба привлечен за туристите кои доаѓаат во Битола…

-Коктелите исто така стана прeпознатлив знак за кафе бар “Симбол“ особено преку летниот период и популарни кај женскиот дел. Ги имааме со најразлични вкусови сите познати, но правиме и  оригинални само кај нас како “Симбол коктел“, “Мохито“, „Paloma“, „Ametist“, „Bramble“… на наш начин со подобар вкус, безалкохолен со мешање на разни видови сокови и овошје популарен за помладите, тинејџерите. Специјално за 8-от роденден, 8 вида коктели се служеа на забавата. Тие се на нашето коктел мени. За крај само ќе додадам: -Во “Симбол“ кафе бар, веруваме дека совршеното кафе не се прави брзо — се прави со внимание, со љубов, и со доза магија. Дојдете и почуствувајте ја таа магија!

Жанета Ристевска