Денес, недела, 6 јули, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови можност за нестабилност. Максималната температура во Битола ќе биде до 36 степени.
Утре, понеделник, 7 јули, во Битола времето ќе биде Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 35 степени.






