-Признанието на прим. д-р Таше Трпчевски му го врачи градоначалникот на Алексинац, Далибор Радичевиќ, кој специјално допатува во Битола.
-Емотивна средба на д-р Таше со јубилејното 100-то бебе “од епрувета“ Наталија од Алексинац.
-Болница “Плодност“ додели три ваучери за родители од ранливи категории од Општина Алексинац.
Денес во посета на болницата “Плодност“ од Битола беше делегација од Општина Алексинац, Република Србија, предводена од градоначалникот Далибор Радичевиќ.
Поводот беше посебен, лично му беше предадено највисокото признание на градот на д-р Таше Трпчевски- Плакета од Општина Алексинац, за придонес во зголемувањето на наталитетот и подобрување на здравството во регионот.
По тој повод како домаќин на гостите од Србија, д-р Таше Трпшевски рече:
-Почитуван престедател на Општина Алексинац, сите гости и новинари морам да ви кажам дека чувствувам посебна чест и задоволство и искажуваме г0лема благодарност за напорот кој направивте екипата да допатува во Битола, да ми го додели големото признание кои за мене претставува голема сатисфакција за досега направеното. Ова е заедничко поврсување на два града, поврзување меѓу семејства и поврзување на граѓаните на двата града. Целта беше да им помогнеме на брачните парови да создадат родителство. Ова признанние не е само мое личн0 признание, туку е на сите вработени во болница “Плодност“, односно на екипата на ин-витро. Ние сме првите кои ќе се првите кои се радуваме кога тестот за бременост е позитивен, а тоа ни дава уште поголем мотив за работа.
Во општина Алексинац досега има околу стотина деца, а во Србија помеѓу 300 и 400 новородени деца кои се зачнати во болница “Плодност“, а Трпчевски додаде дека и во иднина ќе бидат вклучени во хуманата репродукција која ја работа и рече:
-Ова не се само бројки, ова се надежи, ова се животни приказни, кои заедно со мојот тим ги поминавме и емотивно ги доживеавме, заедно со оние кои ги посакуваа децата. Имавме солзи радосници, но и тага кога немаше да биде успешно зачнувањето. Затоа продолжуваме да ги применуваме сите нови технологии и научни достигнувања и да бидеме рамот до рамо со светските центри, да имаме што голем процент на успешни зачнувања, за да им помогнеме на што поголем број родители да имаат пород. Но, најмногу инвестираме до градење на довербата на пациентите, ние сме бренд на Битола, на Македонија, а сега а ние сме бренд од доверба.
Претседателот на Собранието на Општина Алексинац, Далибор Радичевиќ откако му го предаде најголемото признание на градот на д-р Таше Трпчевски рече:
-Посебна ми е чест во име на Општина Алексинац денес на д-р Таше Трпчевски да му доделам најголемото признание на општината, по предлог на господин Раичевиќ, кој доби дете со помош на вашата болница. Имавме податок дека повече од 100 семејства добија принова кај вас, што е голема бројка за Алексинац кој од година во година има помал број на жители. Но во минатата година имавме поголем прираст и имавме поголем број на родени деца со ваша помош. Собранието го предлогот и еве сега ви го врачуваме признанието, што ми е, да повторам, голема чест.
Посебно емотивна средбата на Мио, Гордана и нивната Наталија која е првото дете родено во Алексинац, по вештачко оплодување во “Плодност“.
Родителите се присетија на тешките моменти додека да дојдат до пород, а Мио се присети кога за прв пат дојде во Битола, кај доктор Таше и го започна патот до пород, што беше на нивна среќа успешен.
Трпчевски се присети дека Наталија беше јубилејното 100-то родено дете со хумана репродукција, по следуваа прегратки и бакнежи проследени со солзи радосници, а секако направија фотографија со екипата која беше заедно со нив од почетокот на “ин-витро“ постапката.
Прим. д-р Таше трпшевски во име на болница “Плодност“ на претседателот Далибор Радичевиќ му додели три ваучери за “ин-витро“ постапка за семејства од ранливи категории и им нагласи да бидат праведни во доделувањето и тие да дојдат во вистински раце.
По официјалниот дел д-р Трпчевски ги поведе гостите во разгледување на болницата “Плодност“ и им ги покажа најновите медицински достигнувања кои се применуваат кај нив.
Посетата и врачувањето на наградата беше проследена со новинарски екипи од Алексинац и од националната телевизија “Информер“ од Србија, кои покрај официјалниот дел ќе снимаат и посебни емисии со д-р Трпчевски и неговата екипа.
Текст и фото: Сашо Ристевски






