Press "Enter" to skip to content

Вечер на “Бит фест“ претстава “Сега му е мајката“

На 09.07.2025 (среда), со почеток од 21:00 часот, на Малото плато пред Офицерски дом во Битола ќе се одигра театарската претстава „Сега му е мајката“, во продукција на Алтернативен театар „Пробатон“ од Свети Николе.

Улоги ги толкуваат Стефан Ѓорчев и Антониј Ѓорѓиев

Претставата е по текст на Горан Стефановски, во режија на Владо Денчов. Музиката е на Дарко Станојков, а светло и тон на Иван Гичев.

Најавената претстава „Јелена Савојска“, во изведба на Културен центар – Котор, која требаше да се одигра на 10.07.2025 во Офицерски дом, е откажана.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »