Нов фудбалер на ФК Пелистер од Битола е српскиот фудбалер за врска, 25 годишнот Петар Ристиќ, поранешниот репрезентативец во младинските категории на Србија доаѓа од тимот на Трајал Крушевац, а потпиша договор на една година.
Ристиќ е офанзивен фудбалер за врска, кој може да игра на сите позиции во средниот ред, но и по страничните позиции, кој минатата сезона ја заврши со осум голови и осум асистенции.
Освен за Трајал Крушевац, Ристиќ има настапувано и за Мачва, Радник, Раднички Ниш, Јагодина.









