Press "Enter" to skip to content

Синиша Кашавелски добитник на наградата “Борислав Траиковски“ на Годишната изложба на ДЛУБ во Битола (фотогалерија)

Вечерва во “Магаза“ во Битола свечено беше отворена Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници на Битола, која оваа година е во рамките на “Бит фест“.  -Оваа вечер, како и во изминатите деценија се собравме да ја славиме ликовната уметност, а на оваа годишна изложба се претставени 35 уметници, а тука во “Магаза“ се изложени нивните дела, кои ја претставуваат нивната енергија, рече претседателката на ДЛУБ, ликовниот уметник Нела Петровска.Филип Иванишевиќ за изложбата рече:

-Кога се подготвував да пишувам за годишната изложба на ДЛУБ најдов два текста на Владо Ѓоревски – Рафико, и сфатив дека нема што повеќе да се напише и не најдов нешто да додадам. Ќе повторам дека битолското сликарство треба да се стави како најботно сликарстви  најраната ера на македонското сликарство. Тоа е директно поврзано со ДЛУБ, а само ќе додадаме дека двете изложби на ДЛУБ се она што градот несебично го дава и она што ќе остане со него.-Градот е палимпсест, а ДЛУБ е каталог на неговите слоеви. Друштвото на ликовни уметници на Битола j надраснува вокацијата на граганско здружение и преминува во библиотека на форми, архив на сенки, депо на колективната мемориза на градот. Секој град е семиотички систем, текст од знаци што го раскажува неговиот идентитет, а ДЛУБ е кодексот и кодот на Битола, табернакул што ги чува неузините приказни. ДЛУБ е лавиринт без центар, каде секое дело е огледало што го одразува бескраіот (или крајот!) на човечкиот дух, а секоа изложба – крстопат каде минатото и иднината се среќаваат, се огледуваат, се предизвикуваат и оспоруваат гледајќи се в очи. Битола, обитувајки во географските локации на галериските простори, изложбените сали, ателеата, трансцендентира во наративните простори на метагеографизата кој се мапира врз секое дело кое трепери низ атазагорафобичните изливи на битието.На отворањето на изложбата ззборуваше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој при тоа рече:-Се гордеам што сум градоначалник на Општина  која традиција и е преполна со историја, посебно во уметноста, со преполни галерии, за што ни завидуваат останатите градови. Битола има многу дадено за уметноста во државата и пошироко, но и понатаму треба да си ги негуваме битолските вредности, е дел од тие вредности е и ДЛУБ. Токму ова го потенцираат сите амбасадори кои ја посетуваат Општина Битола, а ние како Општина ќе продолжиме да ги негуваме и да ги помагаме овие вредности, и за сите уметници вратите на Општина Битола се отворени.Претседателката Петровска  соопшти добитникот на наградата, за дело кое  е изработена во периодот помеѓу последни двете изложби, а таа ја доби Синиша Кашавелски за неговото дело и добитник на наградата “Борислав Траикоски“.

На изложбата се претставени 35 дела – слики, дигитални графики и скулптури, создадени во 2024 и 2025 година – 34 уметници од Битола и други македонски градови. Изложбата се одликува со изразена стилска разновидност и свежина, што ја рефлектира динамиката на современото ликовно творештво.Во изложбата учествуваат: Симеон Силјановски, Роберт Михајловски, Драган Најденовски, Слободан Рајчевски, Ване Костуранов, Вангел Срнаков, Синиша Кашавелски, Владимир Илиевски, Владимир Младеноски, Стефан Анчевски, Маријан Котевски, Тони Попов, Татјана Манева, Филип Јовески, Бојана Артиновска, Симона Мирчевска, Дијана Колонџоска, Димитри Балојани, Мирјана Бубевска, Маја Танева, Петар Кирановски, Александар М. Поповски, Ѓорѓи Зајаковски, Душан Шешиќ, Златко Крстевски, Бојана Тошевска, Валентина Илијевска, Дејан Макаријовски, Љупка Галазка-Василев, Билјана Толевска Наумовска, Николче Српчански, Динко Ненов и Виктор Лозанов.Гостин на изложбата е Александар Сотировски.

Текст и фото: Дамијана Ристевска

More from КултураMore posts in Култура »