Press "Enter" to skip to content

400-то бебе во болница “Плодност“ во Битола, добре дојде на свет Елена

-Во срцето на јули, месец кога животот блеска најсилно, малата Елена е 400-то бебе родено во болница “Плодност“ во Битола, оваа година. Бројка што носи тежина, доказ за континуитетот, довербата и квалитетот кој секојдневно го градиме со нашите пациенти, соопштија од болница “Плодност“.

Елена се роди на 10 јули, во 02:52 часот, со тежина од 2.760 грама и должина од 49 см.-Денес, во неонатолошкото одделение имаме 14 новороденчиња, тоа се 14 нови животи. Честитки до сите 14 семејства. Вашата среќа е и наша мотивација, велат од “Плодност“.

400 новородени. Еден тим. Една визија. Болница “Плодност“.