Синоќа во рамките на “Бит фест“ во Битола се одржа несекојдневен концерт на групата “КОД 369“ од Битола.
На радост на љубителите на музиката од Битола и гостите го градот концертот се одржа на пешачкиот премин кај хотел “Епинал“ на Широк Сокак.
Групата “КОД 369“ пееше песни од нивниот репертор, познати на битолчани, а ги исполни Ирена Димовска – Митревска.
Покрај во неа во група се уште и Даниел Митревски – гитара и придружен вокал, Иле Лулевски – тапани и придружен локал и Коста Стевановски – бас гирата и клавијатури.
Членовите се веќе познати за љубителите на македонската музика и досега имаа снимени неколку песни проследени со видео записи.
Текст и фото: Дамијана Ристевска











