Press "Enter" to skip to content

Со „Евротип“ на Пивофест – лојалноста се враќа со стил

Изминатиот викенд, „Евротип“ беше дел од најголемиот летен настан во Прилеп – Пивофест 2025, каде што како еден од официјалните спонзори успешно ја промовираше својата програма за лојалност.Под отворено небо, со илјадници посетители и врвна забава, тимот на „Евротип“ беше присутен со сопствен штанд каде што посетителите имаа можност да се информираат и веднаш да се регистрираат во програмата која нуди бројни поволности, награди и изненадувања за верните играчи.Целта на оваа активност беше директна комуникација со корисниците, запознавање со новите функционалности на програмата, како и зајакнување на врската со локалната заедница. Според оценките на тимот, реакциите беа одлични, а интересот за лојалти програмата ја надмина очекуваната бројка на регистрации.-Пивофест беше совршена можност да бидеме блиску до нашите корисници и да ја претставиме визијата на Евротип за уште подобро корисничко искуство. Благодарни сме за позитивниот одзив и со нетрпение ги очекуваме следните заеднички настани, изјавуваат од компанијата.

Со оваа промоција, Евротип уште еднаш ја покажа својата посветеност кон иновации, квалитетна услуга и грижа за лојалните клиенти.