Денес и во текот на вчерашниот ден, вработените од ЈУНП “Пелистер“ од Битола работеа на уредување на просторот во близина на Големо езеро и планинарскиот дом “Димитар Илиевски – Мурато“ на 2.218 мнв, а потребниот материјал и технички средства беа транспортирани со нивни возила.
-Големо езеро претставува едно од најубавите природни богатства на НП “Пелистер“ и е одлична можност за сите љубители на природата и планината викендите да ги поминат во мирот и тишината на планината далеку од високите температури. Во таа насока поставивме нови клупи и маси од масивно дрво, соопштија од националниот парк.
Инаку, забраната за движење во шума е се уште на сила и сите заинтересирани посетители треба да знаат дека е потребно да извадат дозвола за движење од седиштето на НП “Пелистер“, од Инфоцентарот или по електронски пат.

Националниот парк “Пеллистер“ – Битола го уреди просторот околу Големо Езеро
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер со нова победа, во Битола никој не победува во 2026 (фотогалерија)
- Од полноќ бензинот ќе се продава со +7, дизелот +6,5 денари
- Пелистер одигра реми против Силекс во Кратово
- Библиотеката подготвува нов зборник “Тајните од битолските сокаци “
- СВР Битола: приведени двајца “комити“, едниот за марихуана, другиот за агресивно однесување





