Утре, четврток и петок битолчани нивните гости ќе имаат ретка прилика во “Pionerski Book Bar“ да уживаат во музика и носталгија и музика што го носи срцето на народот.
Во четврток, 24 јули 2025, со почеток во 21:30 часот, подгответе се за магична вечер исполнета со емоции, сеќавања и музика што ја топи душата. На нашата сцена ќе настапи единствениот Сефедин Бајрамов – македонскиот „Шарл Азнавур“. Ќе слушаме евергрини, шансони, серенади… Музика што ќе ве врати назад низ времето, таму каде што љубовта и романтиката беа начин на живот.
Во петок со почеток, исто така во 21,30 часот во “Pionerski Book Bar“ ќе настапи групата “Љубојна“ препознатлива по музиката и гласот на Вера Милошевска – Јосифовска. Музика што го носи срцето на народот, во амбиент што ја чува душата на градот.
Сè што треба да направите е да го поканите своето друштво и да го одберете вашиот омилен пакет:
Пакет 1: 5x Dab Amber + Pinsa со мортадела – само 1.500 ден.
Пакет 2: Alexandria Classic + асортиман со месно или млечно (по ваш избор) – само 2.000 ден.
Резервирај сега и подготви се за вистинско гастро и музичко доживување.






