Press "Enter" to skip to content

„Зошто (Why)“ ново музичко дело на Горан Мицевски од Битола, дел од првиот негов албум (фото + видео)

Ново музичко дело „Зошто (Why)“, кое е дел од првиот авторски албум „Гласот од невидливиот свет“ на Горан Мицевски од Битола, за што кратко ќе каже:

-Овој албум и ова дело за мене не се само музика – тие се тивка молитва, внатрешна слобода и начин да останам поврзан со суштината на себеси и со вистината која ја носам во срцето.Мицевски за создавањето на оваа песна додава:

-Процесот на создавање на „Зошто“ беше долг и длабок, со многу лични преиспитувања и духовни моменти. Често се прашував дали некогаш овие композиции ќе бидат изведени пред публика, но сфатив дека вистинската вредност на музиката не зависи од аплаузот или признанието – таа живее во самиот чин на создавање.

-Особено сум благодарен за соработката со Кристина Палија, чиј вокал ја носи секоја емоција со искреност и сила каква што ретко се среќава. Здравко Стојмиров маестрално ги преточи моите мисли во зборови, со длабоко разбирање на суштината на делото, а Дона Петрова и Дејан Маековски со својата вокална поддршка и дадоа дополнителна димензија и душа на оваа музичка приказна, додава Мицевски.„Зошто“ трае девет минути и е замислено како патување – не комерцијална песна, туку искрено музичко сведоштво. Верувам дека во време на површност, кратки содржини и дигитална бучава, ова дело може да допре до оние кои се уште умеат да слушаат и да се поврзат со нешто подлабоко.

Песната е од денес достапна на сите дигитални платформи и онлајн музички продавници.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »