Press "Enter" to skip to content

Интернационалните гости на “Илинденски денови“ гости во Општина Битола (фото)

Заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски и секретарот на општината Борче Димитровски, денес организираа прием на гостите и учесници на фестивалот „Илинденски денови“.Гостите од Мексико, Грузија, Хрватска, Полска, Индонезија и Швајцарија, ги пренесоа своите прекрасни искуства од учеството на 55 издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, заблагодарувајќи се на гостопримството, прекрасната публика и добрата соработка со организаторите.Претставниците на Општина Битола, Бојкоски и Димитровски потенцираа дека изминатите денови градот одбележа вистинско културно раздвижување, собирајќи различни култури, традиции и фолклорни обележја на едно место.На овој начин, општината продолжува да ја реализира својата заложба за вистинска убавина и исполнетост на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“, со колоритност и уметничка светлина.Директорот на Центарот за култура, Сашо Илковски, заблагодарувајќи се на соработката со општината и Министерството за култура и туризам, истакна дека, со секое ново издание, фестивалот „Илинденски денови“ се повеќе расте, откривајќи многу значајни културни елементи на светот, кои може да се видат и доживеат само во Битола, а за што потврдуваат и големиот број интернационални гости.Илковски нагласи, дека неговата заложба и во периодот што следува ќе биде насочена кон организација на нови фестивалски изданија во кои креативноста и ентузијазмот ќе ја отсликуваат убавината на македонската култура и традиција и ќе продолжат да бидат искрени промотори преку вмрежување со светски ансамбли и културно уметнички друштва.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »