Press "Enter" to skip to content

55 години “Илинденски денови“ во Битола, доделени наградите на фестивалот

-Со вечер на интернационална музика и игра исполнета со прекрасна музика и изведби, на Платото пред Офицерскиот дом во Битола, синоќа свечено беше затворено 55. издание на фестивалот „Илинденски денови“, кој како значајна традиционална манифестација и оваа година беше дел од програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ.

-Синоќа, со аплауз и достоинство, заврши јубилејното издание на најстариот фолклорен фестивал во земјата – под слоганот „Денес за утре“. Традицијата зборува низ чекор, песна, носија и уметност.Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, им се заблагодари на организаторите, учесниците и гостите на фестивалот, нагласувајќи дека, изминатите две недели преку Фестивалот „Илинденски денови“, Битола ги живееше деновите кои не се мерат со време, туку со вистинска емоција, исполнета со пулсот на еден народ кој културата и традицијата ги поставил на пиедесталот на највисоките вредности.-Со срце полно гордост, со љубов кон нашиот град и со поглед свртен кон идното издание – ве поздравувам и Ви благодарам што бевте дел од Програмата на 55 издание на Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ – рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.Директорот на Центарот за култура, Сашо Илковски, нагласи дека во изминатите две недели Битола повторно пулсираше во ритамот на народната музика, во боите на носиите, во живиот збор и изразот на традицијата.-Нека живее фолклорот, нека живее културата. Да ја негуваме и одржуваме традицијата, а со тоа и фестивалот „Илинденски денови“. До ново видување со уште повеќе љубов, музика и традиција“, порача Илковски.

Еве ги добитниците – домашните амбасадори на автентичното:-Најуспешна група за традиционална музика и игра: КУД „Илинден“ – Демир Хисар

-Најуспешна група за староградска музика и игра: ВИА „Распеани струмичани“ – Струмица

-Најуспешна вокална изведба: Јовче Нанев – КУД „Весели пензионери“, Пробиштип

-Најкомплетна изворна носија: КУД „Илинден“ – Струга

-Посебно признание за афирмација на традицијата: Димитри Балојани – илустратор на стрип  КУД „Русалии“ – Секирник.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »