Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј се засили со нова интернационалка, Алина Жевлакова од Белорусија доаѓа во Битола

Екипата на ОК Пелистер Волеј од Битола промовира ново интернационално засилување, тоа е Алина Жевлакова од Мозир, Белорусија, и клубот ќе го засили на позицијата техничар.

Алина Жевлакова последната сезона настапуваше во шампионатот на Албанија во екипата на Поградец.

-Нејзината енергичност и борбеност на теренот сигурни сме дека ќе бидат одлично решение за составување и докомплетирање на екипата која полека но сигурно го добива својот нов суперлигашки лик. Таа подолг период беше таргет и посакувана опција за Пелистер, па по речиси три месечни преговори нејзината нова дестинација е Битола, односно Пелистер Волеј, соопштија од Пелистер Волеј.

Алина е нашето четврто засилување за оваа сезона, а пред неа во Пелистер дојдоа: Shynique Nicole McGee од САД, како и Симона Стојановска и Ева Трпеновска.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »