Денес, недела, 3 август, кралот на електронската и транс музика, Armin Van Buuren доаѓа во Македонија, во Битола на БИТ ФЕСТ.
Музичкиот спектакл од светски ранг, ќе се одржи на Стадионот „Петар Милошевски“, со почеток од 22:00 часот.
За големиот концерт на ARMIN VAN BUREEN на Стадион ,,Петар Милошевски” очекувана e масовна посетеност како од сите градови низ Македонија, така и од сите соседи во регионот и Европа!
-Со целовечерна програма, која, покрај ARMIN VAN BUUREN ги вклучува и LAURA VAN DAM, CYRILLIC и SEMPRE, Битола за прв пат во својата историја добива настан со А класа светски музички артист и продукција според сите светски фестивалски стандарди… а, земајќи ја предвид и природната убавина и атрактивност на градот Битола, повеќе од очигледно е дека оваа недела – СИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ ДО БИТОЛА!“, стои во најавата на настанот од Авалон продукција.











