На 03.08.2025 во 04:25 часот во угостителски објект во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола ги лишиле од слобода две лица на возраст од 29 и 20 години, двајцата од Струга затоа што физички нападнале полициски службеници кои вршеле службена дејност. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 03.08.2025 во 04:20 часот во СВР Битола било пријавено дека на улица „Белградска“ во Битола, две лица на возраст од 41 и 2о години од Битола го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 03.08.2025 во 02:15 часот во Полициска станица Битола, 69 годишник пријавил дека на 02.08.2025 во 22:15 часот кај Градскиот парк во Битола бил физички нападнат од неколку лица. СВР Битола работи на расчистување на настанот.
На 03.08.2025 во 23:00 часот кај Градски стадион во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 27 годишник од Австралија затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 04.08.2025 во 00:30 часот кај Градски стадион во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 36 и 40 години, двајцата од Скопје, затоа што при преглед кај нив, кај едното лице била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.






