Press "Enter" to skip to content

Сите ракометни легенди заедно, одлична идеја на РК Еурофарм Пелистер од Битола

Шампионот на Македонија во ракомет, Еурофарм Пелистер од Битола отпочнува нова акција во која ќе ги обедини на едно место своите легенди.

-Ги повикуваме сите битолчани и поранешни ракометари на РК Пелистер, РК Пелагонија, РК Работник, РК Еурофарм Работник и РК Еурофарм Пелистер со најмалку 101 натпревар за битолските клубови да бидат дел од нашите натпревари во сезоната 2025/26. На секој ракометар од Битола со најмалку 101 натпревар клубот ќе му подари сезонски билет за цела нова сезона и ќе му гарантира место во спортската сала „Боро Чурлевски“ на сите натпревари на РК Еурофарм Пелистер и РК Еурофарм Пелистер 2, соопштија од клубот.

-Акцијата важи за сите наши легенди битолчани и “пелистерци“ кои ја испишаа нашата историја и историјата на македонскиот ракомет. Затоа што колку што легенди има Пелистер, немаат сите други клубови заедно!, порачаа од клубот.

Сите легенди кои ќе учествуваат во акцијата можат своите сезонски билети да ги подигнат во канцеларијата на РК Еурофарм Пелистер најдоцна до 5 септември 2025 година.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »