Press "Enter" to skip to content

Традицијата оживува во кујната на Gold Felicia

Овој август, ресторанот на Gold Felicia ги отвора вратите на спомените – со мени инспирирано од најдобрите традиционални јадења што нè враќаат дома.Под мотото „Вкусови на традицијата“, секој ден до 20:00 часот, посетителите ќе можат да уживаат во внимателно подготвени оброци кои го слават наследството на македонската кујна.НЕДЕЛНО МЕНИ:

-Понеделник: Свинска коленица

-Вторник: Крцкав зеленчук и биено сирење на скара

-Среда: Пастрмка на скара

-Четврток: Зелник и сарми

-Петок: Питулици и гравче

Сабота: Комбинирано од сите јадења од неделатаПонудата е достапна само во текот на август, секој ден до 20 часот. Резервација не е задолжителна, но е препорачлива, особено за деновите четврток до сабота кога ресторанот пулсира со жива музика и кабаре програма.„Со овој месечен концепт сакаме да ги потсетиме луѓето дека храната не е само оброк – туку ритуал, сеќавање, и повод за повторно поврзување“, велат од менаџментот на Gold Felicia.

Gold Felicia – Битола, на само неколку минути од центарот на градот

Резервации: +389 75 316974

Повеќе информации: www.goldfelicia.mk