Денес, вторник, 5 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата во Битола до 24 степени.
Утре, среда, 6 август, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 30 степени.






