Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола по повеќе од една седмица во својата ракометна база, спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола се преселија на Златибор за висинскиот дел од подготовките за новата сезона.
Пелистерци досега тренираа во Битола, а сега се преселија во Златибор и таму ќе престојуваат десет дена.
Тренерот Рубен Гарабаја се запозна со играчите и почна да ја наметнува својата филозофија во редовите на македонскиот првак пред стартот на новата сезона.









