На 04.08.2025 во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 24 и 29 години, двајцата од Битола.
Околу 19:00 тие биле затекнати при купопродажба на дрога, односно во моментот додека едното лице му продавал марихуана на другото лице која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со наредба на Основен суд Битола, бил извршен претрес во домот на лицето кое продавало, при што биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја, банкноти во различни апоени, како и мопед за кој постои сомнение дека е предмет на кривично дело.
По целосно документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни
пријави.






