На само два дена пред стартот на новата фудбалска сезона кога фудбалерите на Пелистер од Битола ги одработуваат последните тренинзи, а нивни прв натпревар е против екипата на Вардар во Скопје, односно, ново вечно дерби на македонскиот фудбал.
Попладнево кога Димитар Капинсковски и помошниците Вангел Алтипармаковски и Борче Маневски го имаа попладневниот тренинг на теренот „Петар Милошевски“ ги посети градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, како претставни на единствениот акционер на клубот, Општина Битола, која изготви и изгласа буџет наменет за исполнување на клупските цели и целосна стабилизација на клубот.
Тој разговараше со тренерскиот тим и фудбалерите и ја вети поддршката од општината која беше зад клубот и во минатите години која клубот со години ја добива од Општината, а сезонава со соработка во Фудбалската федерација на Македонија работи на комплетирање на проектот за реновирање на стадионот “Петар Милошевски“.
Првиот натпревар од сезоната “пелистерци“ го играат против на арената “Тодор Проески“ в петок од 20 часот.









