Press "Enter" to skip to content

Пораз на Пелистер од Вардар во Скопје на стартот на Првата фудбалска лига

Вардар – Пелистер 4:1 (1:0)

Екипата на Пелистер од Битола со пораз го започна новиот шампионат во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), во вечното дерби против Вардар, се поразени со 4:1, полувреме 1:0.

Во првото полувреме забележавме две шанси за Пелистер, први Ристиќ, а потоа и Ивановски. Како и бива казнара дојде,во “судиското“ време, Вардар поведе со 1:0 со голот на  Данев.

Во вториот дел Мато од работ на шеснаесетикот шутираше со десна нога и откако топката доби неочекуван лак на ефектен начин заврши зад грбот на Јовчевски. Булатовиќ по убава акција го совлада Талески и го врати својот тим во игра 2:1.

Во 80. минута Данев го матира Андреј Јовчевски за сигурни 3:1, нововлезениот Диего Кастањеда ги постави конечните 4:1.

More from СпортMore posts in Спорт »