Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: ресенчани украле акумулатори во вредност над 150 илјади евра од пругата Битола – Кременица, други двајца од Битола и Охрид ги откупиле, сите заработија кривична

-Кривична пријава против четири лица за тешка кражба, нанеле штета од над 10 милиони денари на ЈП за железничка инфрастрактура.

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против две лица на возраст од 39 и 19 години од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ и против 29 годишник од Битола и 27 годишник од Охрид поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „прикривање“.

Прво и второпријавениот, во периодот од 01.02.2025 до 23.04.2025 во два наврати извршиле „тешка кражба“, при што на делница од Битола до село Кременица одзеле поголема количина на акумулатори, сопственост на Јавно претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на Северна Македонија.

Додека, трето и четвртопријавениот за одредена сума ги откупиле предметите и покрај тоа што знаеле дека потекнуваат од кривично дело и не го пријавиле во МВР.

На тој начин пријавените предизвикале материјална штета во висина од 10.606.746 денари. На прво и второпријавениот од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.

More from ВестиMore posts in Вести »