Press "Enter" to skip to content

“Сончев брег“ – Крани плажа со најубаво зајдисонце на Преспанско езеро со забава на “Модус“ за крај на викендот (фотогалерија)

На само 40 километри од Битола со својата совршена местоположба во подножјето на планината Галичица и на брегот на Преспанското Езеро на надморска висина од 850 м.н.в. со погодна клима се наоѓа плажата “Сончев брег“ – Крани, која на концесија ја имаа битолчани.Оваа плажа од ова лето е уредена со лежалки, чадори, шанк со пијалоци, коклтели, кафе забави со живи свиркии го враќа стариот сјај плажата Крани.По повлекувањето на езерото плажата го изгуби сјајот кој го имаше. Потоа се уредуваше, но се водата од езерото се повлекуваше се понатаму. Ова лето Сончев брег Крани повторно сака да се врати стариот сјај на ова место.Возобновената плажа со лежалки и чадори кои се бесплатни, шанк со пијалоци, кафе, коктели по поволни цени за викендите се започна со органзирање на забави со живи свирки.Овие свирки започнуваат од 19 часот кога се уште се ужива на плажа во залезот на сонцето
Минатиот викенд туристите ги забавуваше Наташа Малинкова. Оваа недела од 19 часот групата “Модус бенд“ започна со забава од зајдисонце.-Дојдовме и во минатиот викенд, си поминавме одлично, а сега малку “појачани“, сега сме поголемо друштво пак сме тука. Прво се разладивме во водата, која е мошне пријатна, сега кога заладува ќе се забавуваме со “Модус“. Супер место, супер цени, 50 денари еспресо, гратис лежалки со чадор… зошто да не дојдеме, само на нешто повеќе од пола саат од Битола, на 40 километри, ни рече битолчанецот Кико, кој додаде дека и во текот на неделата ќе “претчаат“ некој ден.Инаку, плажата Крани во социјализмот припаѓаше на авто-камп “Крани“ кое беше познато туристичко место каде се одмараа сунчаа, капеа тинејџери и млади и беше тренди место каде беше „ин“ да се оди и да се прошата по плажата.Како што и секој период има свои урбани легенди, така се раскажува дека таму оделе оние кои сакале да ги покажат своите убавон извакани тела и оние од женски пол, но и машки пол. Особено се интересни приказни за билдерите од Битола кои доаѓале токму на оваа плажа за да ги покажат своите набилдани тела.Се разбира дека имало многу дружење, забава, хумор, вљубувања, се раќале љубови на романтичното зајдисонце кое како што кажуваат и денес е најубаво на Преспанско езеро, бидејќи сонцето и најдоцна заоѓа.

Жанета Ристевска

Фото: С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »