Press "Enter" to skip to content

Анабела Диневска од Битола четврта на “Шабачки делфини“ маратон – 5 км пливање 

“Шабачки делфини“, меѓународен маратон во пливање на 5 км на реката Сава се одржа на 10 август оваа година. На истиот учествуваа пливачи од 34 земји од регионот Србија, Хрватска,  Унгарија, Босна и Херцеговина. Единствен учесник од Македонија  е Анабела Диневска од Битола. Маратонот е во органзиција на Пливачкиот клуб  „Шабачки делфини“ од Шабац Србија, кој  секоја година се случува во август.

Анабела Диневска од Битола е член на пливачкиот клуб Олимпик, а тренер и е Кире Марковски и таа на маратонот го освои 4 место меѓу 35 учесници, со време 54 минути.Кире Марковски тренер на Анабела Диневска изјави:

-Анабела Диневска е член на ПК Олимпик родена 2009 година таа мала возраст членува во клубот, но досега пливаше  рекреативно. Оваа година после неколку месеци интензивни тренинзи се пријави на Маратонот „Шабачки делфини“и го освои 4 место со време 54 минути 5 километри, а  за малку можеше да биде третопасирана. Се гордееме со нашата пливачка Анабела која беше  единствена учесничка од Македонија. Продолжуваме со интензивни тренинзи и учество на уште трки.Анабела Диневска има 15 години и член на ПК Олимпик од мала возраст. Таа за своето учество ни кажа:

-Пливањето како спорт го сакам, досега рекреативно тренирав. Пред неколку месеци започнав интензивни тренинзи и решив да се пријавам на Маратонот „Шабачки делфини“. Оваа трка е многу тешка, се плива во реката Сава и условите не се  како пливање во базен. Температурата на водата е многу пониска, има струи и сам си во водата, не смеешда ги допреш кајчињата кои те пратат… Имав мал проблем додека пливав и за малку не го освоив 3. место. Но јас продолжувам со тренизни и ќе се пријавувам на други трки. Идол ми мојот брат Христо Динев кој исто така како член на овој ПК освои многу медали и награди и ќе ги следам неговите стапки. Овој успех е голем бидејќи нема многу услови за тренизни од овој спорт во нашиот град.

Ж. Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »