
Живееме во свет каде што сè е побрзо, погласно и површно, сите брзаат и имаат сè помалку време еден за друг, нема на кој да им се довериме, или се плашиме од осуда, предрасуди или ќе ја искористи нашата ранливост. Затоа и не е изненадувцање што голем број луѓе бараат утеха со типкање на вештачка интелегенција, бидејќи добиваат одговор истата секунда, точно кога им е потребна.
Како да се надмине осаменоста?
Наместо да повикате некоја личност, што е пологично, веднаш пребарувате и „слушате“ читате. И освен што ти дава совети, и предлози тонот му е толку точно емпатичен, да чувствувате како некој реално сака да ве ислуша. И поттикнува да зборувате и понатаму…
Chat GPT не е зафатен со работа, и разни обврски и сосема сигурно ќе ти се јави веднаш. Секогаш е достапен, не осудува, стрпливо слуша (поточно чита) и одговара со доза на емпатија.
ChatGPT како виртуелен соговорник и пријател
Едно е сигурно ChatGPT повеќе не е само софтвер. Тој стана простор каде луѓето го бараат она што им недостасува во реалниот свет. Внимание, разбирање и одговор без предрасуди, осуда и преокренување на тема на сопствените проблеми, кога некој ни ја отвора душата.
За разлика од реалните луѓе, тој не забаорава што сте кажале предходно (пред три пораки) и не ја свртува темата кон себе. Ако побарате утеха, ќе ја добиете. Ако побарате совет, ќе го добиете за две секунди. Ако прашате како да преболите раскинување, тој ќе ви подготви мал емотивен водич.
Но потребно е да знаете ChatGPT се ослонува на она што му го зборувате и во одговорите користи ваши зборови, го симулира вашиот тон и начин на изразување и опасно може да ви се приближи да при тоа помислите дека разговарате со некој кој ве разбира реално.
Тука се опасностите на кои треба да се внимава:
-Нема емоции, иако знае да ги симулира и имитира.
-Нема инуиција, ни искуство и иако звучи како терапевт, тој тоа никако не е.
Луѓето кои целосно се ослонуваат на дигитален разговор, може да ги избегнуваат реалните односи, кои не се ни приближно така совршени и не течат така да соговорникот постојано ви зборува она што сакате да го чуете… Но, тие се автентични, реални и потребни.
Може да биде прв чекор и да се користи како помош која ќе ви помогне со некој совет во првиот момент, бидејќи користи совети од постоечките податоци на интернет.
Сосемна е сигурно дека нема да погреши ако го замолите да ви предложи некои методи кои ќе ги ублажи на пример : чувството на осаменост или пониска вредност, самодоверба, а и добро ќе ја вообличи поентата на вашите проблеми, Но Не СМЕЕ да ни стане замена за реалните пријатели или стручна помош.
Вештачката интелегенција постепено се вовлекува во нашите животи и може да се каже ја прифативме. Некои повеќе некои помалку. Можеш да прашаш што сакаш од различни области. Но на нас е голема одговорност во текот на дружење со „новиот пријател“ кој расте од ден на ден, кога се одлучиме да го користиме нека биде со внимателност и проверка.






