Press "Enter" to skip to content

Утре во Битола започнува второто меѓународно биенале на минијатурна уметност-графики, слики и цртежи

На 12 август во 19 часот во КИЦ -Офицерски во Битола ќе биде отворено второто меѓународно биенале на минијатурна уметност-графики, слики и цртежи. Застапени се над 400 автори од повеќе од осумдесет држави. Според бројот на истакнати автори станува збор за една од позначајните ликовни манифестации во меѓународни размери.

Во рамките на манифестацијата, ќе биде претставена изложба на Ранко Струмениковски и постхумно ќе биде доделена специјална и единствена награда за исклучителен негов придонес во развојот на современото македонско ско сликарство и графика.

Воедно, ќе биде претставена и самостојна изложба на Гоце Божурски-1001 минијатура.

Изложени се околу 800 дела кои се своевидна одредница за современите уметнички текови во светот.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »