Денес во Битола се одржа традиционалната манифестација “Денови на Ростковски“ во организација на организација на Регионалното здружение за македонско-руско пријателство “А.А. Ростковски“, во чест и слава на рускиот конзул Александар Аркадиевич Ростковски, кој е убиен во 1903 година во Битола.
И годинава кај споменикот Руски крст во Битола се одржа панихида со која со која чиноначалствуваа свештеници од преспанско-пелагониската епархија.
Кај Рускиот крст зборуваше во име на организаторот, Претседателот на Сојузот
на Здружениjата за македонско-руско пријателство – Драган Романски и Амбасадорот на Руската федерација во Македонија – Сергеј Баздникин.
Амбасадорот на Руската федерација во Македонија, Сергеј Баздникин, прво ги поздрави учесниците на манифестацијата посветена на животот и делото на рускиот императорски конзул Александар Ростковски и на годишнината од неговата трагична смрт во 1903 година.
–Искрено сум благодарен на раководството и членовите на здружението за македонско-руско пријателство за организациіата на годишните “Денови на А.А.Ростковски“ во Битола. Ги сметаме овие денови како можност да му оддаваме почит на рускиот дипломат, чие име засекогаш е впишано во историјата на руската дипломатска служба, уште еднаш да потсетиме на длабокото културно и духовно единство и историската поврзаност меѓу народите на Русија и Македониза. Познат како “град на конзулите”, Битола со право има посебно значене за нашите сонародници. Овој втор по големина град беше многу привлечно место за Русите, долго време се сметаше за центар на “руската колониа“- со векови тука доаѓале духовници, научници и патници кои оставиле записи за своите впечатоци. За време на револуционерните превирана во Русија, Битола стана засолниште за стотици руски офицери, лекари, инженери, професори, свештеници и уметници кои дадоа голем придонес за развојот на градот.
-Трагичната смрт на А. А. Ростковски на 8 август 1903 година – за време на Илинденското востание, кога, според фигуративните зборови на академик Блаже Ристовски, “во соседното Крушево, со крв и со оган се бранеше слободната териториа“, – остави длабока трага во сеќавањето на жителите на Битола и во историјата на руската дипломатија. Околностите на трагедијата се добро познати – нема да ги повторувам. Вдовицата на дипломатот Екатерина Ростковскаа подоцна забележа: „Mojoт сопруг … ja извршил својата должност. Tоj jа бранеше честа на униформата и на земјата на коа и служеше толку искрено, толку посветено. Споменикот “Рускиот крст“, подигнат на местото на неговата смрт, е јасен доказ дека споменот на него живее во срцата на луѓето. Несебичната работа на А.А.Ростковски е пример за генерации дипломати, потсетување на високата одговорност на дипломатската служба, на важноста на трудот во корист на мирот и согласност мегу народот.
Драган Романски, претседателот на Сојузот на Здружениjата за македонско-руско пријателство рече:
-Традиционалната манифестација “Денови на Ростковски“ – 2025 година се организира во чест на рускиот императорски конзул А.А. Ростковски, кој бил убиен во Битола во август 1903 година, кога заедно со својот пријател Крсте Мисирков се враќал од манастирот „Свето Преображение Господово“ во селото Буково. Споменикот „Руски крст“, подигнат во негова чест, е трајна потврда за неговата пожртвуваност и несебична поддршка на христијаните во Македонија во борбата за слобода, како и за посветеното извршување на службената должност. Личноста и делото на конзулот Ростковски остануваат во трајна меморија и благодарност на македонскиот народ. Регионалното здружение за македонско-руско пријателство „А.А.Ростковски“ континуирано од 2013 година го реализира овој настан под името „Денови на Ростковски“. Со оваа манифестација, покрај достоинственото чествување на неговиот живот и дело, има за цел и продлабочување на традицијата на пријателство и меѓусебна почит меѓу нашите два братски народа.
Цвеќе положија Амбасадорот на Руската федерација Сергеј Баздникин, претставници на Здружение на македонско-руско пријателство „А.А. Ростковски“ со претседателот Драган Романски, претставници на регионалното здружение, делегација на ОО на СДСМ Битола со претседателот Методија Куновски, преставници на “Лук Оил“…
Споменикот Руски крст е подигнат во 2003 година, сто години од убиството на А.А. Ростковски бил руски конзул и служел во Битола од 1895 година, за време на Илинденското востание, во близина на градскиот парк во Битола.
По тој повод делегации на Регионалното здружение на македонско-руско пријателство „А.А. Ростковски“ и на амбасадата на Руската федерација го посетија и Буковскиот манастир.
Текст и фото: Сашо Ристевски






