Press "Enter" to skip to content

Мартина Николова потпиша со Пелистер Волеј, доаѓа од Работнички

Управата на Пелистер Волеј од Битола продолжува со официјализирање на новите засилувања на тимот за следната сезона. Најновото засилување е во името на Мартина Николова од кое се очекуваат одлични партии во зелено-белиот дрес. 

Мартина Николова доаѓа од редовите на Работнички Скопје и има блескава клупска и репрезентативна кариера, дури 3 двојни круни и вкупно 4 шампионски титули

-Мартина игра на позицијата среден блокер и со своето големо искуство таа сигурно ќе биди од големо значење за нашата екипа, а во продолжение погледнете кои се нејзините досегашни успеси во кариерата. Во своето резиме има три дупли круни и вкупно четири шампионски титули. Пелистер Волеј има големи амбиции за следната сезона, а тоа го докажува со ангажирањето на неколку искусни и квалитетни одбојкарки, соопштија од Пелистер Волеј.

Претходно, во Битола пристигнаа Белорусинката Алина Жевлакова, Македонките Ева Трпеновска и Симона Стојановска, како и Американката Шиник Никол МеКги. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »