Press "Enter" to skip to content

Успешно се реализира “Универзитетска летна пракса 2025“

И втората група студенти – практиканти од Универзитетот „Св.Климент Охридски“ Битола – УКЛО, ја реализира практиканската работа во рамки на проектот “Универзитетска летна пракса 2025“ –  проект на УКЛО со Општина Битола.Оваа година, веќе трета година по ред, покажа зголемен интерес кај студентите да бидат дел од оваа активност. Пријавени се 44 студенти, кои имаат обврска во текот на летните месеци јулу, август и септември да реализираат  едномесечна пракса во Општина Битола и jавните претпријатија кои се под капата на општината. Ваквата можност во  месец jули ја искористија 16 студенти, во месец aвгуст  ја користат 13 студенти, а другите 15 студенти, во месец септември.Во рализацијата на „ Универзитетската летна пракса“ посебен акцент се става на директното вклучување на студентите во работниот процес на локалната самоуправа за нивно дополнително стекнување со практични знаења и искуства. Истовремено високо се оценува и вреднува нивната ангажираност што е значајна поддршка за институциите во периодот кога дел од администрацијата користи годишни одмори.Пред стратот на УЛП 2025 за изразениот студентски интерес и учество во проектот,   благодарност им упатија од градоначалниците на Битола и Прилеп, д-р Тони Коњановски и д-р Борче Јовчески, кои по повод пригодата, одржаа прием со студентите од УКЛО.  Секој студент ќе добие нето месечен надоместок во висина од 10.000 денари, обезбеден од соодветната општина.

Од УКЛО се потенцира дека УЛП  е уште една потврда за сериозниот пристап на локалните власти кон поддршката на младите и нивното активно вклучување во општествениот развој, особено препознавањето на млади стручни практиканти, студенти од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.  Воедно, УКЛО ја  потврдува важноста на УЛП која воедно го зајакнува и европскиот профил на Универзитетот со остварување на носечките одредници на КОЛОРС Алијансата поврзани со вмрежување, применливо образование  и пошироки перспективи.Идеен творец на проектот „ Универзитетската летна пракса“ е Центарот за кариера, алумни и доживотнои учење – КРЕДО центарот при УКЛО, и претставува значајна алатка студентите да се стекнат со работно искуство во современи и реални услови на делување, што пак претставува неодминлив дел од образовниот процес. Програмата што се остварува во духот на зајакнување на соработката меѓу академската заедница и локалните самоуправи, претставува модел на практична интеграција на студентите во реалниот сектор и ја потврдува заложбата на УКЛО за современ и применлив високообразовен процес.

#uklo #uklostudenti #укло #уклостуденти #uklocolours #coloursalliance #iloveuklo

More from ВестиMore posts in Вести »