Press "Enter" to skip to content

Викендов фестивал на староградска музика во Старата чаршија во Битола

Викендов ќе се одржи традиционалниот фестивал на староградска музика Битола во Старата чаршија, кој е еден он настаните кои повеќе години се организира во Битола и е дел од годинашниот Бит фест.

Фестивалот ќе се одржи петок и сабота на плоштадот во Старата чаршија кај Детското студио “Монмартр“.

Според програмата која ја соопшти организаторот предвидена е забава за битолчани и нивните гости и пријатна атмосфера како и изминатите години.

Петок 15 август 2025

-КУД “Илинден“ – “Приказни од чаршијата“

-Група “Ѓердан“

-Група “Деспина“

-Дона Петрова

-Никола Зацески

-Андреја Чукалкова

 

Сабота 16 август 2025

-Група “Битолски тамбураши“

-Група “Боеми“

-Виктор Апостоловски

More from КултураMore posts in Култура »