Press "Enter" to skip to content

Вечерва се отвора изложбата “Со љубов од Битола“ посветена на битолските порти

Портите не се само дрвени или железни премини — тие се неми сведоци на времето, чувари на сеќавањата, граничник меѓу јавното и личното, надворешното и внатрешното. Секоја порта крие приказна – за домот, за семејството, за минатото кое живее зад неа.    

Оваа година изложбата на фотографии СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА која ЦЕРИ ја реализира по тринаесетти пат е посветена на битолските порти. 13-то издание на изложбата е дел од годишната програма на НУ Центар за култура Битола и е финансиски поддржано од Министерство за култура и туризам.

Изложбата ќе се отвори на 14.08.2025 – четврток во 19:30 часот во галерискиот простор на фоајето на НУ Центар за култура Битола. На свеченото отворање ќе бидат прогласени победниците и наградените.

На овогодишниот конкурс свои фотографии ни испратија 36 фотографи. Од вкупно пристигнатите повеќе од 130 фотографии стручното жири направи селекција на 30-те фотографии кои ќе бидат дел од овогодинешната изложба.

Оваа изложба не ни ги покажува само портите како архитектонски елементи, туку како симболи на премин, зачувување и отпор.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »