Press "Enter" to skip to content

Иницијатива и анкета за сообраќајната безбедност во Битола и можните решенија за подобрување

Во Битола е во тек иницијатива и анкета за сообраќајната безбедност и можните решенија за подобрување на градот. Целта е да се намали сообраќајниот хаос преку теренски истражувања, анкети со заедницата и интервјуа со младинци, родители, наставници и општински власти.

Ве покануваме да ни се придружите за подобро да разбереме како граѓаните ги доживуваат ризиците поврзани со сообраќајот, кои области ги сметаат за најопасни и кои подобрувања ги поддржуваат. Јавните консултации ќе помогнат да се идентификуваат критичните опасни зони, а врз основа на резултатите ќе се изработи стратегиски акциски план со конкретни мерки – од инфраструктура за намалување на брзината и подобрена сигнализација, до побезбедни патеки за пристап до училиштата и кампањи за подигнување на свеста.

Оваа иницијатива нема само да ги намали ризиците, туку и да ја врати довербата во јавните простори, да го поддржи активниот транспорт и да поттикне култура на заедничка одговорност во урбаната мобилност на Битола.Битолчани имаат можност да ја пополнат анкетата и директно да придонесат за креирање на побезбеден град.

➡️ Пополнете ја анкетата тука: https://forms.gle/1b6XNneT5pzeJRjb7

Јане Велкоски, имплементатор на иновативната иницијатива „Решенија за безбедност во сообраќајот во Битола“, во рамките на Швајцарската програма за поддршка на изборите во Северна Македонија.

Оваа иницијатива е подготвена во рамките на Швајцарската програма за поддршка на изборите во Северна Македонија, спроведена од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Ставовите, мислењата и содржините изразени овде се исклучиво на авторите и не ги отсликуваат неопходно ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот.

More from ВестиMore posts in Вести »