Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведено лице за кражба, три лица приведени за дрога, опожарен “фиат добло“

На 13.08.2025 во 21:30 часот во Битола од страна на полициски службеници од Полициска станица Битола е лишен од слобода 71 годишник од Битола, врз основа на претходно пријавена кражба. Кај лицето се пронајдени предметите од извршеното кривично дело и вратени на оштетената. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава.

На 13.08.2025 од страна на полициски службеници од Полициска станица Битола при извршен преглед кај три лица на возраст ид 20, 24 и 23 години, сите тројца од Битола пронајдени се и одземени паковки со растителна материја. Лицата се лишени од слобода и ќе следат соодветни поднесоци.

На 14.08.2025 околу 02:10 часот во СВР Битола било пријавено дека на улица „Раштанска“ во Битола настанал пожар во паркирано патничко моторно возило „фиат добло“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на 54 годишно лице од Битола. Екипа на ТППЕ го изгаснала пожарот, а увид на местото на настанот е извршен од страна на ОКТУПА СВР Битола.

 

More from ВестиMore posts in Вести »