На 14.08.2025 во 23:51 часот, полициски службеници од ПС за БПС Битола лишиле од слобода 50 годишник од Битола.
При вршење увид на сообраќајна незгода во која учествувал приведениот управувајќи патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,15 промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.






