-Алберт Ќеримов создава нова ера во угостителството со отворањето на ексклузивен Медитерански Lounge во срцето на Битола.
Светот на гастрономијата и урбаната забава во Битола никогаш нема да биде истa! По повеќе од една деценија раководење на елитни ресторани на Блискиот Исток и Азија, како и генерален менаџер на легендарниот Gordon Ramsay Bar & Grill во Sunway Resort, Малезија, Алберт Ќеримов ја носи својата непогрешлива визија дома.
Локацијата на која се наоѓа новиот Lounge е внимателно избрана — смирена и дискретна, веднаш до Грчкиот конзулат, создавајќи ексклузивна оаза далеку од градскиот метеж, но доволно блиску за да биде срцето на најновите урбани трендови.
Под водство на Алберт, овој Mедитерански Lounge ќе ја отвори вратата кон нова ера на угостителство во Битола. Овај Lounge ќе нуди урбан, кежуал амбиент каде што гостите ќе можат да уживаат во иновативен медитерански фингер-фуд — внимателно дизајнирани мали јадења идеални за споделување, комбинирани со премиум коктели и врвно наргиле.
Живата музика, DJ програмите и тематските настани инспирирани од културите на Грција, Турција и Либан ќе ја комплетираат уникатната атмосфера, правејќи го ова место незаменливо за секој кој бара елегантна, но опуштена средина за вечерна забава и социјални случувања.
-Ова не е само уште еден Lounge,“ вели Алберт Ќеримов и додава.
-Ова е револуција во начините на кои луѓето ќе се поврзуваат, прославуваат и создаваат незаборавни моменти. Сакам Битола да добие ново срце за културата на живеење и забавата.
Постоечкиот угостителски објект Calm Street ќе биде затворен и ќе има детално преуредување и интензивно усовршување, а големото и многуочекувано реотворење на новиот воддечки урбан тренд “МAYFAIR” lounge bar & shisha ќе се случи на 12 септември.
За сите новости и ексклузивни прегледи, следете нè на MAYFAIR Lounge Bar






