Во соработка со Црвен крст Општинска организација Битола и Институтот за трансфузиона медицина, денес во “Пионерски книга бар“ Битола беше организирана доброволна акција на дарување на крв, на која даруваа крв голем број од вработените и други крводарители.
Во акцијата се реализирани петнаесетина крводарувања, а тоа е бројка која е добра со оглед дека ова прва ваква акција во “Пионерски книга бар“ Битола.
-Вработените во “Пионерски книга бар“ денес покажаа висок степен на солидарност, а низ принципите на доброволност и самоиницијативност се надеваме декка ја поттикнавме заложбата за дарување на крв, порачаа од “Пионерски книга бар“ Битола.
Крводарителството е хуманост, навика и традиција, бидејќи спасувањето на човечки живот е најсвето, а се надеваме дека оваа крводарителска акција ќе биде поттик и за други битолчани да бидат хумани.

Крводарителска акција во “Пионерски книга бар“ Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ново возило за управување со смет на општина Могила донација од Јапонија
- Розов Октомври: Зад секоја дијагноза има приказна
- Потврдено пријателството старо 50 години помеѓу Битола и Херцег Нови
- СВР Битола: повреден работник на ЕВН, приведен возач на мопед – возел без возачка, пронајдена стара граната
- 9 години “Bitola news“ – објавени повеќе од 32.000 текстови и 200.000 фотографии за битолчани и Битола





