-Денес, 1. сепрември, училишното ѕвонче, го означи почетокот на учебната 2025/2026 година. Низ сите училишта во Битола весел џагор, насмеани лица, возбидени ученици. Сите со нови спомени од летниот распуст кој секогаш за учениците им изгледа како брзо да поминал.
-Првиот училишен ден во ОУ “Кирил и Методиј“ Битола ден највпозбудлив за првачињата кои со измешани чувства на радост, страв, срам или тага поаѓаат во прво одделение, a sо нив можеби уште повозбудени, нивните родители.
Основното училиште “Св. Кирил и Методиј“ од Битола со свечен прием и пригодна приредба ги пречека своите најмили ученици, првачињата со нивните родители и најблиски.
Директорката Жанета Тошеска се обрати и им посака топло добредојде на сите и успешна учебна година.
После приредбата и после прозивањето на првачињата од своите наставнички сите заедно отидоа на хепенинг во Градскиот парк кој го организира Општина Битола и други општествено одговорни компании.
На приредбата со весели детски песнички настапија учениците кои завршуваат одделенска настава, сега во 6 одделение, предметна настава подготвени од нивните наставнички Наташа Илиевска и Флора Димовска.
Наставничките кои водат прво одделение Лидија Поповска и Катерина Шеровска – Томовска после прозивањето на своите ученици се упатија во своите училници да се запознаат со своите првачиња и нивните родители.
За другите ученици кои започнаа на училиште, беше ден за раскажување на доживувања од летниот распуст. Повторно видување со своите соученици и наставници. Насекаде низ училиштето насмеани лица без оглед и што денес мораа да станат рано. Учениците од од предметна настава, чекореа возбудено низ училиштето сигурни во себе.
-Овој ден е секогаш полн со емоции кога се гледаме после летото и сите си го честитаме почетокот на учебната година која кај сите буди изпомешани емоции, ни изјавија класните раководители кои го одржаа класниот час и ги поздравија своите ученици.
Во ОУ „Св.Кирил и Методиј“ во Битола и подрачното училиште во Логоварди оваа година своето образование го започнаа 28 првачиња.
Ж.Ристевска
Фото: Дамијана Ристевска






